Уште откога се појави сликата со „фустанот кој го подели светот“, беа објавени повеќе оптички илузии кои докажуваат дека нештата не секогаш се такви какви што ни се чинат на прв поглед. И последната илузија е можеби најзбунувачка. Акијоши Китаока, експериментален психолог и професор по психологија, објави слика со јагоди во чинија, при што се чини дека сликата е дигитално обработена со син филтер. Но, всушност на сликата нема ниту еден единствен црвен пиксел.

„Ова е илузија со метод на две бои. Иако сликата е целата обработена со пиксели цијан (синозелена боја), јагодите се чинат црвени“, пишува проф. Китаока на Твитер. „Јагодите се чинат црвеникави, иако пикселите не се црвени.“

Експертот за визуелна перцепција Бевил Конвеј го објаснува овој случај како пример за тоа како мозокот „ја корегира бојата на појавите во светот“ кога тие се филтрирани со друга светлина.

Оваа оптичка илузија споделена од проф. Китаока прави овие фигури во вид на цвет да се чинат како да растат додека ги гледате.

Во оваа оптичка илузија кружните форми се чини како да се вртат додека гледате во екранот.

Ова е веќе светски познатиот фустан кој ја подели светската јавност во врска со тоа дали е златно-бел или сино-црн. И всушност е сино-црн.

Сподели на Facebook
пати видено