Чуандо Тан е фотограф од Сингапур кој го привлече вниманието на целиот свет, фотографирајќи не само други луѓе, туку и самиот себе. „Па, што не е во ред со тоа?“, се прашувате. Одговорот на оваа прашање се крие во неговиот пасош. Чуандо е роден во 1967 година, односно сега има 51 година, и тој изгледа, како што многумина забележуваат, како да има 20 години. Во што е тајната?

Како започнало сѐ?

Познато е дека во 80-тите работел како модел и фото модел, а во 1990-тите успеал да стане поп-пејач. Но, кариерата на сцената не траела долго, па Тан избрал уште една професија-фотограф. Еден ден Тан објавил фотографија од него, која не била поврзана со неговата работа и тука започнало сѐ.

„Се регистрирав на Instagram по совет на мојот пријател, бидејќи фотографот мора да биде социјално активен. За малку да биде поразновиден профилот ставив неколку слики од мене, за да можам да ги искажам своите мисли во описите.“, вели фотографот во едно од интервјуата.

Како што веднаш забележале корисниците, Тан воопшто не се менува и не изгледа како да има 51 година. Некои луѓе мислат дека тоа е генетика. Други – дека причината е местото на живеење, бидејќи во Сингапур има чист воздух, добри лекови и квалитетна храна. Но, за да знаеме сигурно, ајде да погледнеме како фотографот го поминува својот ден.

Јаде 6 јајца за појадок

Тан се придржува на принципот „Вие сте она што го јадете“, и верува дека состојбата и изгледот на телото 70% зависат од храната и 30% од вежбање. Затоа, за појадок, тој јаде 6 јајца, добро варени, од кои само 2 жолчки (поради холестерол). И, исто така консумира чаша млеко, а понекогаш и авокадо со бобинки. Ова обезбедува снабдување со протеини и енергија за да го започне денот.

Во прилог на јајца во текот на денот, тој јаде пилешко со ориз, зеленчук на скара или риба, како и супа со зеленчук. „Сладоледот е мојата слабост, па понекогаш го јадам, но само наутро“, вели фотографот. Исто така, избегнува кафе и чај, но пие многу вода. Не пуши и не пие алкохол.

На тренингот троши околу 90 минути за целиот ден

4 пати неделно (или барем 3), Тан наоѓа време да направи напорен тренинг, која трае не повеќе од 30 минути. Тој поради повредата на коленото не претерува со кардиот, но секоја вечер оди на пливање кое трае околу 1 час.

Не ги користи производите за нега на кожа

Некои мислат дека Тан користи шминка или има применето пластично хирургија, но тој вели: „Имам чувствителна кожа, така што има само 2 средства кои ги користам секој ден: гел за миење на лице и тоник за навлажнување.“

Не се капе во вечерните часови

Всушност, тој се обидува да не легне по 23:00 часот и да стане рано секој ден. Тан е сигурен дека ноќната работа или гледањето на филмови во ноќта не е во корист на здравјето. Тој престанува да јаде 5-6 часа пред спиење и не се капе навечер.

И во што е тајната?

Како што често се случува, сè е едноставно: омилена работа, правилна исхрана, добар сон и вежбање. Слична рутина на денот ја имаат и Џаред Лето, Крис Еванс, Марго Роби и многу други познати личности. Се согласуваме, сите изгледаат помлади од нивната возраст, иако велат дека не направиле пластична хирургија. Но, кој знае. Што мислите вие?

Сподели на Facebook
пати видено