Тројца пријатели отишле на риболов.Едниот се жали:
– Овој риболов ќе ми излезе низ нос. За да ме пушти жената, ветив да ја бојадисам куќата… Целата куќа!
– Ништо не е тоа, јас на мојата и ветив цел викенд шетање по трговски. Пекол!
Последниот ги гледал и слатко им се изнасмеал:
– Значи, не се научивте бе луѓе!
– Е што бе! Твојата да не те пушти туку така?
– Значи, си го местам алармот во 5:00. Една грда мелодија, цела зграда буди. Ѕвони не се трпи. Станувам, ги мијам забите, се враќам во спалната соба, ја буцкам жената и и шепнувам: „Душо, ќе правиме ли секс или да одам за риба?“ Таа само промрмори: „Да не си ја заборавиш јадицата“…

Сподели на Facebook
пати видено