Жителите на Венецуела не можеле да поверуваат дека по катастрофата со „помрачувањето“ од една недела им доаѓа уште една катастрофа. Од чешмите во домовите низ Венецуела тече црна вода.

Градот веќе неколку месеци има повремени прекини на вода и откако им било најавено дека конечно водата ќе биде пуштена жителите набрзо сфатиле дека нема да можат да ја користат водата од своите чешми.

Жителите во Сан Диего, државата Карабобо, ги преплавија социјалните медиуми со слики и видеа од црна вода, притоа жалејќи се дека е загадена со нафта. Венецуела има најголеми резерви на сурова нафта во светот, но претседателот Мадуро е обвинет за лошо управување со резервите, оставајќи ја нацијата во голема сиромаштија.

Луѓето од Венецуела биле принудени да земаат вода од канализацијата и реките. Претставниците на претседателот Николас Мадуро ја обвиниле опозицијата поддржана од САД за поставување сајбер-напади на системот. Без електрична енергија, водата не може да се пумпа во домовите на граѓаните.

Бизнисите биле затворени, болниците се бореле да работат и јавниот транспорт едвај функционирал за време на скоро еднонеделната криза. Се смета дека најмалку 17 пациенти починале во болниците, главно оние со напредна болест на бубрезите, поради прекинот на напојувањето на медицинските установи.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено