Неколку млади монаси го прашале најстариот монах: „Оче, може ли да пушиме, додека се молиме?“

„Не може.“, одговорил најстариот монах.

Кога биле во посета на друг манастир, забележале дека во него монасите додека се молеле, пушеле и цигари.

„Но како вие пушите цигари и се молите во исто време? Ние го прашавме нашиот главен монах и тој не ни дозволи.“, прашале монасите.

„Како го прашавте?“, вратиле со прашање монасите од другиот манастир.

„Можеме ли да пушиме за време на молитвата?“, одговориле монасите.

„Вие не сте го поставиле прашањето правилно. Ние го прашавме: ‘Оче може ли да се молиме додека пушиме?’ Само тогаш ни даде согласност.“, им објасниле монасите од другиот манастир.

Научете како да ги поставите вашите прашања за да добиете согласност.

Сподели на Facebook
пати видено