Родителите од целиот свет имаат свои уникатни начини на воспитување на децата. Но тие сепак имаат нешто заедничко, а тоа е дека секогаш го сакаат најдоброто за нивните деца. Ова се неколку  бизарни но интересни традиции од различни култури за тоа како изгледа родителството.

Мавританските родители плукаат во лицето на своите деца.

Волоф племето од  Мавританија веруваат дека со нивната плунка можат да ги сочуваат зборовите и затоа тие плукаат на своите новороденчиња за да нивните благослови се задржат на детето. Мајките најчесто плукаат на лицето а татковците во ушите на детето.

Норвежаните им дозволуваат на своите деца да спијат надвор на температури под нулата.

Ова го практикуваат родителите од нордиските земји. Тие ги оставаат своите мали деца во количка надвор пред рестораните додека тие уживаат во топол појадок или ручек внатре. Се верува дека студениот свеж воздух им го зајакнува имунитетот.

Мајките од Кенија никогаш не ги погледнуваат своите деца во очи.

Иако Кисии жените од Кенија многу се грижат за своите деца, веднаш го вртат погледот кога нивното дете гледа во нив. На тој начин сакаат да ги научат децата да не бараат многу внимание во животот.

Виетнамците ги учат своите деца да одат во тоалет по наредба.

Секогаш кога дете од Виетнам покажува знаци дека му се оди во тоалет, неговата мајка ќе специфично ќе свирне со устата. Кога децата ќе наполнат 9 месеци тие можат да го поврзат овој звук со уринирање и сами одат во тоалетот.

Маите ги капат нивните деца во ладна вода.

Овие бебиња најчесто ги бањаат во ледено-ладна вода веднаш пред спиење. Ова го прават со цел да ги заштитат од горештините и да им го зајакнат имунитетот.

Финските бебиња спијат во картонски кутии.

На мајките од Финска државата им испраќа по една кутија со корисни работи за бебето. Таа содржи и тенок душек, така што оваа кутија е првото нешто што ќе го користат родителите во одгледување на новороденчето.

Децата од Јапонија јадат се и не се дебелат.

Родителите од Јапонија како и училишните кантини, внимаваат на исхраната на децата, така што тие јадат по неколку пати на ден по мали дози, разновидна и здрава храна, со што воедно се сити и здрави.

Во Данска децата ги закачуваат нивните цуцли на дрво.

Децата од Данска откако ќе наполнат 3 години треба да престанат со цицање на цуцли и по тој повод ги закачуваат цуцлите на гранка со цел да се збогуваат од нивните смирувачки играчки.

Ерменските бебиња ја избираат својата професија на рана возраст.

Како дел од нивниот традиционален ритуал мајките од Ерменија ставаат по неколку предмети пред нивното бебе веднаш откако ќе му израсне првиот заб. Кој предмет ќе го одбере се смета за предвидување на идната кариера. Пример ако одбере книга ќе стане учител, ако добере пари ќе стане банкар и слично.

 

 

Сподели на Facebook
пати видено