Еден човек сакал подобро да го искористи денот и да има време за извршување на неговите обврски и затоа решил да спие само 4 часа на ден, како што некогаш правеле големите умови. Иако на почетокот не е лесно со оваа рутина да се функционира со одредени правила би можеле нормално да функционирате. „Во последно време, почнав да спијам 2-4 часа на ден. Имам доволно сон, се чувствувам здраво и мојата работна продуктивност е на највисоко ниво. Се чини неверојатно, но навистина функционира. Сепак, овој систем не е толку лесен да се совлада.“, вели тој.

Како спиеле генијалците?

Леонардо да Винчи, Никола Тесла, Салвадор Дали и за многу други гениајалци се вели дека спиеле од еден до четири часа на ден, според системот на полифазен сон. На кратко, полифазниот сон го намалува ноќниот сон и додава неколку паузи за спиење од 20 или 30 минути во текот на денот. Како резултат на тоа, добиваме неколку дополнителни денови неделно.

А еве како „обичен човек“ се справил со полифазниот сон:

Фазата на брз сон е околу 20-30 минути. Нашиот мозок ги обновува своите ресурси и се ослободува од стресот.

Како и повеќето луѓе, постојано чувствувам недостаток на време. Веќе неколку месеци поминаа откако почнав да размислувам за пливање. Меѓутоа, кога ќе пристигнам дома во вечерните часови, само лежам на каучот и гледам видеа на YouTube. Честопати задоцнувам за состаноци и ги одложувам плановите за утре. Сфатив дека ми треба повеќе време и одлучив да започнам со полифазен сон.

Има многу модели на таков сон. Можете да ги користите стандардните (најпопуларните) техники, генијалските техники, или можете да изберете да ги прилагодите овие техники на вашето тело исто како што сум направил јас. Мојот распоред се состоеше од 4 часа ноќен сон и 2 пати по 25-минутни паузи (по ручекот и откако си доаѓав дома од работа во вечерните часови). Ова е калкулаторот што го избрав.

Почнав веднаш. Вечерта, наместо да спијам во 22:30, легнав во 1:30 и спиев до 5:30.

Ден 1. Денот беше неверојатен. Имав многу време да ја завршам целата работа во куќата и да направам план за оваа недела. За да се придржувам до распоредот, зедов слушалки за уши и маска за спиење со мене на работа. Веднаш по ручекот, најдов тивко место и заспав. Јас го сторив истото по враќањето дома од работа. Сепак, не можев лесно да заспијам за 25 минути.

Ден 2. Пред да започнам со експериментот, разговарав со оние кои успешно се справиле со овој распоред. Бев предупреден дека, за да формирам навика, ќе морам да ги издржам првите 2 недели во „зомби режим“. Го почувствував тоа чувство на вториот ден. Се чувствував многу уморен и емоционално исцрпен.

Ден 3. Границите меѓу моите денови практично исчезнаа, а сите мои денови се претворија во еден монотон циклус. Луѓето на улиците се појавуваа и исчезнуваа. Сепак, научив да заспијам за 25 минути за време на мојата пауза, но јас не се чувствував подобро кога ќе се разбудев. Вечерта, не можев да се ослободам од овие мисли: „Зошто ти е потребно ова? Оди и спиј онолку колку што сакаш и биди среќен.“ Направив многу напор да ги надминам овие мисли и да продолжам.

Ден 4. Чувството на бестежинска состојба стана норма за мене. Кога некој разговараше со мене, јас само можев да го погледнам „низ“ ова лице. Се чувствував како да трошам многу енергија да одговарам на прашања и да одржувам разговор. Во повеќето случаи, само седев и зјапав во едно место.

Еве како изгледаше моето лице на првиот и четвртиот ден од експериментот: мојата кожа стана бледа, а очите ми беа постојано црвени.

Ден 5. Петтиот ден, мозокот започнува да се приспособува. Кога ги затворив очите за време на паузата, веднаш заспав. Почнав да се будам пред да заѕвони алармот и почувствував дека имам повеќе енергија.

Имав многу слободно време ноќе и решив да читам книги и да гледам документарци. Дознав дека во Бразил живее племе наречено Пираха. Овие луѓе никогаш не спијат. Понекогаш прават 20-минутна дремка така што се потпираат на дрво. Тие веруваат дека ако спиете подолго време, нема да бидете свои и овие луѓе едноставно не сакаат да спијат.

Ден 6-7. Се чувствувам целосно прилагоден на распоредот. Секогаш кога се разбудев по кратка пауза, почувствував дека поминале неколку часа, иако спиев само 20 минути. Вртоглавицата и чувството на тежина во мојата глава исчезнаа целосно, а мојата продуктивност беше обновена. Можев да сторам повеќе отколку што планирав. Секоја вечер читав книги, гледав филмови, одев на пливање и во теретана. Целосно се откажав од кафето.

Ден 8-10. Можев да го „вчитам“ мојот мозок во вистинскиот момент и да ја вратам енергијата и мојата креативност и издржливост се зголемија. По дневната дремка, чувствував дека целиот ден поминал и можам да се вратам на тешка задача и да најдам ефикасно решение за тоа. Моето лице веќе не беше бледо и очите не ми се повеќе црвени.

Ден 11-14. Престанав да го следам распоредот. Сега дозволам моето тело да ми каже кога треба да се одморам и тоа е многу удобно. За да ги дознаам моите сопствени граници, постепено го намалував ноќниот сон. Имајќи 2 паузи во текот на денот, можев да спијам околу 2,5 часа ноќе. И за а спијам помалку ноќе ми требаше уште една пауза во денот.

Добрите и лошите страни на таков распоред

Позитивни страни:

  • Продуктивност. Ги завршувам сите дневни задачи пред ручек. Ги решавам моите задачи побрзо и полесно.
  • Спиење без будилник. Забележав дека се будам пред да се исклучи алармот.
  • Здрава храна. Многу е тешко да заспиете кога стомакот е полн. Затоа почнав да јадам поздраво. Како резултат на тоа, не се чувствувам мрзлив и сонлив по оброците и трошам помалку пари на слатки и хамбургери.

Повеќе книги и спорт. Сега имам доволно време за физички и ментален развој. Ги прочитав сите книги што ги одложував толку долго. Одам пливање и во теретана. Јас не настинувам толку лесно како што ми се случуваше претходно.

Лоши страни:

  • Нејасни денови. Тешко е да се процени времето како континуиран проток. Деновите ги гледам како низа на изгрејсонце и зајдисонце. Сега луѓето се будат и заспаат.
  • Нема забави и ноќи со пријателите. Исто така, алкохолот го уништува целиот распоред.
  • Тоа не е за секого. На почетокот, тој е тежок за нервите и циркулаторниот систем.

Заклучок

Ако вашиот живот наликува на бесконечна листа на задачи каде што треба да пронајдете време за сè, тогаш полифазниот сон е вистински за вас. Јас дефинитивно станав попродуктивен. Почнав да имам многу слободно време, и имам доволно време да ги извршам сите мои задачи.

Од друга страна, целиот свет живее според монофазен план. Вашите пријатели и роднини можеби нема да те разберат кога ќе одбиете да одите некаде со нив или да ставите филм на пауза затоа што треба да дремнете.

Сподели на Facebook
пати видено