Неродените бебиња почнуваат да слушаат на само 16 недели од зачнувањето, како што открива новото истражување. За првпат научници од институтот Маркес во Барселона покжале дека фетусот не само што препознава звуци, туку и одговара на нив со устата и јазикот. Општо прифатен факт е дека ушите на бебето целосно се развиваат во шеснаесеттата недела од бременоста. Но, досега се веруваше дека фетусот почнува да слуша најрано во осумнаесеттата недела, а највообичаено во дваесет и шестата недела.

Д-р Мариса Лопез-Теихон, која го предводела истражувањето, вели дека резултатите покажуваат дека фетусот реагира на музиката, која се пренесува интравагинално, така што ја движи својата уста и јазикот, „како да се обидува да зборува или пее.“

Ова откритие може да помогне во повеќе нешта. Првин, на овој начин може уште во утробата да се открие дали бебето има проблеми со слухот. Потоа, со помош на направата позната како бејбипод, изработена специјално за ова истражување, мајките ќе можат да почнат да ги поттикнуваат комуникативните вештини на бебињата уште пред тие да се родат.

b01

Кога музиката била пуштена преку слушалки во близина на стомакот, фетусот не реагирал, што значи дека не можело јасно да ја слушне музиката

b02

Со направата „бејбипод“ која се вметнува во вагината, бебето јасно ја слушало музиката и реагирало на неа

Сподели на Facebook
пати видено