Познато е дека ако се претерува со пивото, се добива пивски стомак, но умереното пиење пиво може да ги направи мажите подобри в кревет, тврди секс експертот д-р Кат Ван Кирк, која вели дека постојат повеќе научни причини за тоа, при што пивото помага тие да издржат подолго.
Пивото е полно со фитоестрогени од алкохолот, а научно е докажано дека тие го одложуваат оргазмот, вели таа. Покрај тоа, мажите кои го претпочитаат темното пиво можат да се радуваат, бидејќи ваквите пива ја потекнуваат ерекцијата. Ова се должи на високите количества железо кое го зголемува количеството на црвени крвни клетки и протокот на крв во пенисот.
Таа се повикува на италијанска научна статија врз основа на научни истражувања во текот на кои било докажано дека кригла пиво дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар за третина, во споредба со луѓето кои апстинираат од алкохол.
Ова наведува на заклучок дека ако се пие умерено и во комбинација со физичка активност, пивото го одржува срцето поздраво, што на мажите им дава поголема издржливост за време на сексот, додава таа. Покрај тоа, умереното количество пиво е добро за стомакот. Д-р Кирк вели дека пивото Гинис е богато со витамини и минерали, особено со витамин В, како и други пробиотски квалитети.
„Ова значи дека тоа може да помогне во зајакнувањето на севкупното здравје, така што нема да бидете млитави за време на сексот“, вели таа.
Шкотската пивница Innis and Gunn произведува пивска замена за вијагра, наречена „50 нијанси зелено“. Компанијата употребува женшен, гинко билоба и дамијана за да ја зголеми сексуалната желба, да го поттикне крвотокот и да ги стимулира нервите.