При напорите да се набљудува климатската промена и нејзините ефекти врз животните средини и дивиот свет, научниците од Универзитетот на Стразбург очигледно црпеле инспирација од епизода на Футурама и од ровер направија робот пингвин.

ping1

„Нешто си ни познат“

Малиот ровер беше обвиткан со меко крзно и глава на пингвин за да наликува на младенче пингвин. На што се должи сета таа мака? Па, пингвините се по малку нервозни суштества. За да ја измерат нивната животна околина во Аделина Земја на Антарктикот, би требало луѓе да влезат на нивната територија со што би предизвикале стрес кај птиците. За таа цел беа употребени ровери. На 34 пингвини им беа поставени надворешни срцеви монитори, и за да може да се вчитаат резултатите, пуштија ровер со антена да им се приближи на пингвините. Но обичниот ровер ги вознемири пингвините и птиците почнале да грачат и да го клукаат.

Забележувајќи ја нивната чувствителност, научниците решија да го маскираат роботот во младенче пингвин. Разликата веднаш се забележа. Наместо да бидат избезумени, пингвините веднаш го прифатија новиот пријател на тркала, особено младенчињата, кои се стуткаа околу него како и со секое младенче. Возрасните му пееја, но беа помалку разочарани кога роверот не им возврати со пеење.

Ова на научниците ќе им помогне да ги проучат пингвините, нивното однесување, здравје и животна средина, како и влијанието на климатските промени.

ping2

„Малку е чуден, но сепак си го сакаме“

Сподели на Facebook
пати видено