Екипата од Митбастерс, легендарното шоу на Дискавери, гостуваше на ТВ емисија каде им прикажаа една снимка од мајка која раскажува како успеала да преживее несреќа благодарение на информација што ја запаметила од нивното шоу. Жената возела заедно со нејзината ќерка, автомобилот ѝ се лизнал и паднале во длабока река. Автомобилот почнал да се полни со вода, вратите не се отворале.

Жената тогаш се сетила на Митбастерс и на фактот дека вратата не се отвора заради разликата на притисокот внатре и надвор од автомобилот. Таа ја одврзала својата ќерка, ја зела во раце и наместо да испаничи, почекала автомобилот да се наполни уште малку. Откако притисокот се изедначил, вратата се отворила со леснотија и двете се спасиле.

Сподели на Facebook
пати видено