117 милијарди долари се огромна сума на пари со кои најверојатно можат да се нахранат сите деца во Африка, но за најбогатите луѓе во светот тоа е само дневен губиток, од кој без проблем ќе се опорават.

500-те најбогати луѓе на Земјата во понеделникот изгубија колективно 117 милијарди американски долари, бидејќи американските акции го постигнаа најголемиот пад за оваа година.

На првото место меѓу „губитниците“ е извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, кој прими удар од 3,4 милијарди долари, кога паднаа акциите на онлајн продавачот на мало. И покрај големата загуба, Безос останува најбогатиот човек на светот со нето вредност од 110 милијарди долари.

Зад Безос со најголеми загуби беа извршниот директор на LVMH, Бернар Арнауд со 3,2 милијарди долари, основачот на Фејсбук Марк Закерберг со 2,8 милијарди долари, претседателот на Reliance Industries Limited, Мукеш Амбани со 2,4 милијарди долари и основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс со 2 милијарди долари.

Големата загуба на Безос дојде само неколку дена откако милијардерот ги вложи акциите на Амазон во вредност од 990 милиони милиони долари, со што вкупната вредност на продадените акции минатата недела достигна 2,8 милијарди долари.

Главниот извршен директор претходно изјави дека планира да продава акции во вредност од околу 1 милијарда американски долари секоја година за да ја финансира својата ракетна компанија „Blue Origin“.

Поранешната сопруга на Безос, Мекензи Безос, која моментално е сопственик на акциите на „Амазон“ тежи повеќе од 37 милијарди американски долари и сега е вториот најголем акционер.

Падот на пазарот ги одразува реакциите на инвеститорите кон Кина, дозволувајќи нејзината валута да падне на нивоата од 2008 година, поради засилување на тензиите во трговската војна меѓу САД и Кина.

Сподели на Facebook
пати видено