Лупењето на праски за да направите вкусна пита со праски, овошна салата или некој друг специјалитет не мора да биде тешко. Сѐ што ви треба се неколку брзи чекори.
Обележете ја лушпата
Употребете остар нож за да ја расечете лушпата со плиток засек во форма на буквата Х на двете страни од праската.
Попарете ги праските
Потопете ги праските целосно во врела вода и со помош на лажица извадете ги по 40 секунди, кога лушпата ќе почне да набабрува кај обележаните места на краевите.
Оладете ги праските
Потопете ги праските во студена вода и оставете целосно да се оладат. Не прескокнувајте го овој чекор, бидејќи е важно праските брзо да се оладат, за да не станат кашести при готвењето.
Олупете ги праските
Нежно олупете ги праските повлекувајќи ја нивната лушпа со врвот на палецот. Доколку не оди лесно, повторете го процесот.Праските сега се подготвени за додаток во вашиот вкусен десерт. Истиот процес може да се примени и за нектарини, сливи и домати.