Животните од ист вид во различни делови на светот „зборуваат“ на неколку различни „јазици“. „Дијалектот“ на гавраните од една област во светот не е разбран од нивните роднини во друга област.

Зошто се случува тоа, за научниците е сè уште несфатливо. Дали тоа е резултат на адаптација кон надворешни услови или е резултат на физиолошки причини предизвикани од различни мутации, или тоа е знак на еден вид на култура…

Има се повеќе докази дека различните гласови на животни не се само произволни звуци, туку значајни сигнали. На пример, одреден вид мајмуни со извиците се предупредуваат за тоа каков предатор виделе. Завивањето на волците може да се слушне низ тундрата и да им даде информација на останатите волци дали тие виделе елен или човек. Практиката покажува дека птиците, китовите, волците, пчелите комуницираат едни со други на различни „јазици“.

Звучната сигнализација постои кај сите животински видови. На пример, жабите емитуваат 6 различни звуци, петлите – 15, свињите – 23, гавраните – 300, делфините – 32, лисиците – 36, мајмуните – 40, коњите – 100. Овие звуци ја изразуваат општата состојба на животното – храна, вознемиреност, агресија, радост на комуникација.

Екипата на д-р Кејт Арнолд од Универзитетот Сент Ендрјус во Шкотска соопшти дека се добиени првите експериментални докази дека мајмуните комуницираат со реченици. Досега се мислеше дека тие можат да направат само нови звуци, а не да ги комбинираат старите. Д-р Кејт Арнолд и д-р Клаус Цуберболер докажуваат дека различните предупредувачки звуци на мајмуните содржат најмалку три типа информации: настанот кој се развива, идентитетот на повикувачот и дали тој има намера да патува. Експертите исто така откриле дека некои мајмуни комбинираат различни звуци за да предупредат за различни опасности.

Дури и рибите не молчат! Тие произведуваат многу различни и препознатливи звуци кои се разликуваат во зависност од состојбата на рибата, животната средина и нивните активности.

Но, покрај звучните сигнали, кои се само еден начин за комуникација помеѓу животните, тие имаат и други начини за пренесување на информации еден до друг. Постои и „јазик“ на гестови и мимики. Во светот на животните постои раширен „јазик“ на мирис. Инсектите, со помош на мириси, привлекуваат поединци од спротивниот пол. За таа цел ослободуваат супстанции – феромони.

Биологот Андреа Туркало откри дека гласовите на слонот се различни и уникатни, како и гласовите на луѓето. Научниците многу години проучуваат стадо слонови во Конго и можат да разликуваат еден слон од друг по гласот. Истовремено, истражувачот работи на речникот на слоновите и врз основа на експерименти доаѓа до заклучок дека во звуците на слоновите, има многу самогласки.

Нема ништо чудно за бремената жена да разговара со нејзиното неродено бебе. Кокошките исто така зборуваат со пилињата во јајцата. Еден ден пред испилување, може да се чуе крикот на пилето. Како одговор, мајката го клука јајцето за да го смири своето дете. Кога делфините спијат, зборуваат на друг јазик. Делфините во еден француски аквапарк можат да имитираат песни на китови, а кога се будни тие зборуваат меѓу себе на својот „јазик“.

Сподели на Facebook
пати видено