Кина е првата земја во светот што проблемот наречен „компјутерска зависност“ го прогласи за психичка болест. Кинеските власти тврдат дека тоа е број 1 закана по здравјето на нивните тинејџери. BBC снимија цел документарен филм во еден тренинг камп за зависници од компјутери сместен во предградие на Пекинг. Името на кампот е „Центар за ментално созревање на кинески тинејџери“, родителите сами ги носат децата таму, а методите им се војнички. Тинејџерите кои пред да дојдат во кампот по 10 часа дневно играле видео игри, наредните три или повеќе месеци нема ни да видат компјутер, а камо ли интернет и видео игри.

Сподели на Facebook
пати видено