Еволуцијата е теорија за развитокот на живите суштества којашто е широко прифатена во научните кругови. Човекот со текот на вековите еволуирал, како и сите останати животни. Се поставува прашањето, што ќе се случи во иднината? Дали и во која насока човекот ќе продолжи да еволуира?
Некои научници сметаат дека човекот престанал да еволуира, додека други сметаат дека процесот и понатаму трае, но ние тоа не го забележуваме. Постои и футуристичко сфаќање на еволуцијата во кое научниците сметаат дека нештата ќе тргнат во сосема друг правец, на пример дека луѓето ќе се интегрираат со машините, дека ќе станат бесмртни и слично. Меѓутоа, тоа што е сигурно е дека нешто сигурно ќе се промени. Не можеме да ја предвидиме иднината, но за вас ги собравме на едно место значајните предвидувања на научниците за тоа как олуѓето ќе еволуираат во иднината.
1, Ќе ги снема генетските разлики меѓу луѓето
Со обѕир на порастот на бројот на имигранти, развојот на сообраќајот и зголемениот број на патувања од земја во земја, луѓето се сѐ помалку изолирани едни од други. Тоа доведува до мешање на расите и луѓите од различните региони во светот. Се предвидува дека на крајот тоа ќе доведе до исчезнување на генетските разлики меѓу луѓето, или дека тие ќе бидат помалку изразени.
2. Ослабен имунитетски систем
Луѓето во иднината ќе бидат почувствителни на болести и вируси. Со обѕир на сѐ поголемиот број на лекови кои ги пиеме уште од мали ноги, слабее природната отпорност на организмот да се бори против вирусите. Некогаш смртноста на луѓето била многу поголема и преживувале само тие со силен имунитет. Тоа доведувало до тоа нивните потомци да бидат поотпорни. Меѓутоа, сега процесот е обратен и поради тоа се предвидува дека луѓето во иднина ќе имаат полош имунитетски систем. Некои научници сметаат дека определени функции на организмот сосема ќе исчезнат и ќе бидат заменети со лекови, како на пример лачењето на хормони.
3. Губење на влакната
Процесот на намалување на влакнестоста, кој кај луѓето постои уште од многу одамна, ќе продолжи и во иднина. Влакната повеќе не ни се потребни за заштита од студот или бактериите. Истовремено, многу луѓе себеси се подложуваат на третмани за отстранување на влакната. Поради тоа се предвидува дека човечките суштества во далечната иднина ќе бидат без влакна по телото.
4. Изменување на мозокот
Мозокот е многу важен човечки орган, кој поради напредокот на технологијата може да претрпи огромни промени. Не говориме за уфрлување на чипови во мозокот, туку за губење на определни функција. Веќе е познато дека технологијата на некој начин не заглупавува. Во иднина определени функции на мозокот ќе ги превземат некои технолошки уреди. На пример, нема да има потреба да помниме било што, бидејќи сѐ што ќе посакаме, ќе може да се најде на интернет, хард диск или на некои уште пософистицирани уреди и концепти.
5. Помали заби
Забите се орган кој најмалку успеал да се прилагоди на животните услови. Ако не ги миеме редовно, се расипуаат многу брзо. Умниците веќе ни станале излишни бидејќи големината на вилицата ни се намалува. Во последните 100.000 години, нашите заби станале дупло помали. Се претпоставува дека тој тред ќе продолжи и во наредните векови и дека тие ќе бидат сѐ помали и помали.
6. Генетски инженеринг
Како ќе се развиваат технологијата и медицината, ќе се појават нови техники на лечење кои можеби ќе вклучуваат директно мешање на гените. Денешната манипулација со гените, т.н. ГМО, генетски модифицираната храна со цел остварување на профит за сметка на здравјето и не е доволно испитана, но се очекува дека тоа во иднина ќе се промени. На пример, родителите ќе можат уште пред раѓањето да изберат какво дете сакаат, ако тоа го дозволуваат етичките правила. Луѓето е можаат да си негуваат органи кои ќе ги чуваат за црни денови и слично.
7. Атрофија на мускулите
Со напредокот на технологијата престанува потребата за физичката работа. Сите такви работи ќе бидат заменети со робите, а луѓето ќе се занимаваат исклучително со умствени активности. Тоа на крајот може да предизвика и намалување на мускулната маса. Истражувањата покажуваат дека ние веќе сме послаби од нашите предци.
Ова се само некои од предвидувањата, за кои не мора да значи дека навистина ќе се случат. Што вие мислите дека ќе се случи во иднината?