Ова неверојатно футуристичко летало би можело да биде начинот на кој луѓето ќе патуваат во не толку далечната 2050 година. Со радикален дизајн одвнатре и однадвор, овој концепт за авион вклучува огромна кабина со 1000 седишта, опрема за виртуелна реалност, проектирање на подвижни слики на ѕидовите наместо прозорци и просторни салони, сето со цел да се подобри искуството на патниците.

an01

Со целосно преосмислување, тимот предводен од докторантот Адам Омар дизајнирал напреден авион кој носи некои од особините на денешните млазњаци во комбинација со технологија од следната генерација. Благодарение на дизајнот на споени крилја, телото на авионот ќе биде пошироко и пократко и нема да има опашка. Авионот ќе се движи со помош на шест мотори на биогориво на задниот дел на авионот.

an02

Проширеното тело, со поголеми крилја, ќе овозможи кабински простор за 1000 патници, но дизајнерите велат во авионот ќе има повеќе простор за движење и покрај толкавиот број на луѓе во него. Една од позабележителните промени е тоа што овој авион ќе има многу малку прозорци, што за некои би можело да претставува отежнување. Наместо тоа, на ѕидовите ќе се постават проѕирни LCD екрани кои ќе ја прикажуваат глетката надвор, или пак ќе се прикажуваат филмови, програми и мапи како дел од авионскиот систем за забава, или пак сцени за релаксирање кои би им помогнале на патниците да заспијат.

an03 an04

Мониторите на задниот дел од седиштата ќе бидат минато и ќе бидат заменети со индивидуална опрема за виртуелна реалност вградена во седиштата кои ќе прикажуваат филмови или игри во 3D технологија. Опремата е дизајнирана автоматски да се трга на страна од главата на патникот при полетување или слетување, како и при итни случаи.

an07 an08

Авионот ќе биде опремен и со бар во кој патниците ќе можат послободно да се дружат помеѓу себе. Покрај зголемената удобност, авионот нема да се движи на погон на фосилно гориво, туку на нискоиздувни биогорива, со помош на повеќекратни електрични пропелери придвижувани од помали мотори, со што ќе се произведува само мал дел од издувните гасови кои се создаваат од денешните летала.

an09 an11 an10 an12

Сподели на Facebook
пати видено