Кога позирале во болница за фотографија со нивното новородено бебе, Сали Џонс и нејзиниот партнер не изгледале ништо поразлично од другите горди родители кои се појавиле на страницата „семеен албум“ на локалниот весник во 2004 година. Насмевнувајќи се на камерата во породилното одделение во болницата Меритајм Медвеј во Гилингем, Кент, среќната двојка го држат в раце нивното заспано бебе. Но, овој наизглед среќен семеен портрет го одбележува почетокот на една трагична приказна, која тивко се одвивала во текот на изминатата деценија.

id01

Новороденчето на фотографијата се вика Џо. Тој е најмладото дете на 47-годишната Сали Џонс, која преминала во ислам и застапувајќи се за радикалните фанатици на ИСИС, пребегала во Сирија во 2013 година заедно со детето. Оваа топла слика, објавена само неколку дена по неговото раѓање е илјадници километри далеку од шокантните слики кои се појавија минатата седмица на кои се гледа сега веќе 11-годишниот Џо облечен во униформа на ИД, како држи пиштол вперен во главата на клекнат курдски затвореник, подготвувајќи се да го погуби.

id02

Пријателите и роднините, вклучувајќи ја и неговата баба, проговориле за нивната голема тага поради тоа што се разделени од Џо, и уште згора на тоа ког виделе за што му бил испран мозокот, преживеале вистинска траума. Наводното детето еднаш им се јавило од Сирија, но не можело слободно да разговара со нив бидејќи крај него стоела мајка му.

„Ми се лоши во стомакот“ вели неговата баба гледајќи ги варварските слики со нејзиниот внук како крвнички насмеан застрелува затвореник во главата. „Ако има Бог, зошто не го запре ова?“ додава вознемирената баба, која е во нејзините шеесетти години.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено