Националната лабораторија во Ајдахо се протегала на речиси 2.300 километри квадратни, во пустина во источниот дел на Ајдахо. Голем дел од комплексот е затворен за јавноста, освен мал дел каде што можете да видите што останало од првата нуклеарна централа во светот.

Националната лабораторија во Ајдахо е вклучена во нуклеарното истражување веќе 70 години. Голем дел од она што го знаеме денес за нуклеарните реактори, се открива тука. На оваа локација се изградени повеќе од 50 нуклеарни реактори, вклучувајќи ја првата нуклеарна централа за производство на електрична енергија во светот и електраната за првата нуклеарна подморница во светот.

Лабораторијата влегла во историјата во раните попладневни часови на 20 декември 1951 година, кога еден ред од четири сијалици од 200 вати осветлиле една зграда од тули. Електричната енергија потребна за нивно напојување дошла од генератор поврзан со EBR-I реактор. Тогаш за прв пат употреблива електрична енергија била генерирана од нуклеарна фисија. Само неколку дена подоцна, реакторот создал доволно електрична енергија за да го напојува целиот комплекс.

„Експерименталниот одгледувачки реактор I“ првично не бил изграден за да произведува електрична енергија, туку да покаже дека таквите ректори се физички можни. EBR-I исто така, е првиот светски нуклеарен реактор кој што страдал од делумно топење, на 29 ноември 1955 година. EBR-I продолжил да работи до 1964 година, кога бил деактивиран и заменет од неговиот наследник, EBR-II. Следната година, EBR-I бил прогласен за национално историско обележје.

Во Атомскиот музеј кој се наоѓа на американскиот автопат 20/26 помеѓу Ајдахо Фолс и Арко, можат да се видат не еден, туку четири нуклеарни реактори, вклучувајќи и два прототипа за нуклеарни погонски авиони, контролна соба за реактори, уреди за далечинско ракување со радиоактивни материјали, опрема за детекција на радијација и многу повеќе.

 

Сподели на Facebook
пати видено