Ова е таинствениот свет на јапонското елитно сумо борење каде што борачите јадат 8.000 калории на ден и носат маски за кислород додека спијат. Неверојатни фотографии се појавија од внатрешноста на „Tomozuna“ во Нагоја, Јапонија, каде што 11 гигантски борачи кои чекаат ред за да се фрлаат и туркаат во песочниот ринг.

Борачите, или „рикиши“, поминуваат повеќе од три часа секое утро усовршувајќи ги своите техники во овој јапонски национален спорт од 15-век, во кој што поразен е оној кој ќе падне прв или ќе биде истуркан од рингот. Кога ќе завршат со вежбање во 10.30 часот, тие потпишуваат автограми и позираат за фотосесии пред да го добијат првиот обилен оброк.

Ручекот, подготвен од помладите борачи се состои од свински нозе, пржени сардини, варен ориз и „чанко набе“, традиционално јадење поврзано со сумо борачите, кои консумираат 8.000 калории дневно.

Потоа борачите одмараат неколку часа и носат маски со кислород за да им помогнат во дишењето. Влегувањето во светот на сумо борењето значи да се оди, јаде и дише како Јапонец. Но напорните тренинзи традиционалните начини предомислуваат голем број на млади Јапонци да станат сумо борачи.

Поради тоа во сумо-светот доминираат мажи од Монголија, кои поминуваат исцрпувачки пат кон асимилација. „Јазикот беше најголем извор на стрес, не можев да разберам што ми зборуваа кога ме измачуваа, па дури и кога ме фалеа.“, изјавил Томозуна Ојаката, попознат по неговото боречко име Kyokutenho, првиот сумо борач од Монголија кој сега води „сумо-фарма“.

Сподели на Facebook
пати видено