Во луксузниот затвор во Хондурас, Тамара, членовите на бандата МС-13 играле видео игри на 52-инчен телевизор и можеле да користат секс соба, кога ќе го посетат нивните, девојки или сопруги. Дури 773 членови на оваа банда биле префрлени во нов затвор со максимална безбедност, Ел Позо 2, а луксузот кој го оставиле зад себе се гледа на фотографиите кои излегоа во јавност.

Ќелиите изгледаат како станови, со клима уред, мебел, блендери, кафемати и полни фрижидери со секаква храна. Постарите членови на бандата имале и пристап до посебна соба со огледала и посебни светла, наречена „Камасутра“, каде што ги посетувале нивните жени и девојки.

Тие исто така имале турнири во ФИФА и ГТА на нивните телевизори од 52-инчи. Властите во Хондурас биле шокирани кога на социјалните мрежи биле објавени фотографии од нивниот удобен и луксузен живот во затворот.

Членовите на бандата сега се префрлени во друг затвор. МС-13 се смета за најозогласената банда на овие простори и брои над 20.000 членови. Бандата е основана пред 20 години во Лос Анџелес откако милиони имигранти од Ел Салвадор пристигнаа во САД по насилната граѓанска војна. МС-13 се познати по касапење на нивните жртви и снимање на убиствата на своите ривали.

Иако бандата има многу пари, за да се стане член потребно е само да се платат 10 долари.

Сподели на Facebook
пати видено