Кога станува збор за летањето можат да иритираат многу работи, како на пример бројните турбуленции, одложување на летот и секако оној хор на луѓе кои ракоплескаат откако авионот ќе слети на пистата. Но ретко кој од нас обичните „смртници“ може да си замисли да има цел авион за себе.

Токму ова му се случи на еден човек кој по пристигнувањето во Аспен, Колорадо, за неговиот лет кон Солт Лејк Сити во Јута, го доби најдоброто приватно искуство со авион досега (т.е. тој не морал да плати за тоа).

Винсент Пеон го документирал целото свое патување на интересен и смешен начин од самото качување во авионот до поздравување со пилотот. Во авионот морале да стават и вреќи со песок за да одговара на барањата за тежина. Сето ова се случило затоа што неговиот лет со Делта компанијата бил презакажан.

„Добра вечер Винсент и добредојде. Се радуваме што ќе се погрижиме за вас денес. Ако ви треба помош за седнување ние со задоволство ќе ве услужиме.“, му се обратила стјуардесата на Винсент. Возбудата не престанала тука бидејќи тој имал можност да го поздрави пилотот и копилотот од кои едниот му кажува „ова е твојот приватен авион“.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено