Во 1999, приказната и импресивната слика наречена „Рака на надежта“ го обиколи светот. Приказната започнува кога на ехо преглед докторите им соопштиле на родителите дека нивното бебе има дефект на ‘рбетот, поради што тоа никогаш нема да биде во можност да оди, па дури и да седи. Но, чуда се случуваат.

Хирурзите се нафатиле да направат една од најсложените операции: отстранување на дефект на ‘рбетот на мали бебиња уште во утробата на мајката.

Крајно ризичната операција била спроведена успешно… и одеднаш на крајот на операцијата, преку отворот на мајчината утроба, малата рака го стегнала прстот на хитутгот како да сака да му искаже благодарност!

01

Токму оваа трогателна и неочекувана сцена фотографот успеа да ја фати и така сликата со наслов “Рака на надежта” стана позната во целиот свет.

02

Операцијата за отстранување на дефектот била успешна. Семјуел Александар Армас е роден на 2 декември, 1999 година.

Вака изгледаше момчето во 2012 година.

03

04

Денес тој е веќе 16 години. И покрај некои ограничувања, кои ги има момчето поради проблемите со ‘рбетот, сепак вистинска среќа е што навремената интервенција на хирурзите му даде нормален живот. Семјуел сака да спортува, па дури и може да се пофали со прва награди за учество во кошаркарски натпревар.

05

Сподели на Facebook
пати видено