Секој ден малата мравка пристигнувала рано на работа и почнувала да работи. Произведувала и била задоволна. Шефот, Лавот, сепак, бил изненаден што мравката работела без надзор.

„Ако произведува толку без надзор, зарем нема да произведе повеќе кога ќе е под нечиј надзор?“, се запрашал Лавот. Така тој ангажирал една Лебарка која имала големо искуство како супервизор и изготвувала прекрасни извештаи. Првото решение на Лебарката било да се воведе контрола на пристапот за мравките. Потоа на Лебарката и била потребна секретарка, за да и помага со подготовката на извештаите и така таа ангажирала еден Пајак кој освен со архивите, се занимавал и со контролата на телефонските повици.

Лавот бил фасциниран од извештаите на Лебарката и ја замолил анализата на производството и анализата на трендови да ги презентираат на состаноците специјално организирани за таа цел. За таа цел на Лебарката и купил компјутер, ласерски печатач и дури ангажирал една Мува која го раководела одделот за информатика. Мравката, која неодамна била продуктивна и весела, станала очајна од толку многу документи и средби, кои го одземаат сето време!

Лавот стигнал до заклучок дека е дојден моментот да се создаде позицијата одговорен за секторот каде работела Мравката. На тоа место бил ставен Штурецот, чие прво решение било да купи тепих и фотелја за неговата работна маса. Новото одговорно лице, Штурецот, исто имал потреба од компјутер и асистентка (која ја зел од претходната канцеларија), за да му помага да подготвува стратешкиот план за оптимизирање на работата и да го контролира буџетот за секторот каде работи мравка која во оваа фаза веќе не се забавувала и секој ден била лута и вознемирена.

Во исто време, Штурецот го убедил Лавот за апсолутна неопходност за истражување на животната средина. По истражувањето на обемот на работа, Лавот забележал дека секторот на Мравката не произвел толку многу како порано. Тој ангажирал Був – познат консултант – да изврши ревизија и да предложи решенија. Бувот поминал три месеци во канцелариите и направил огромен извештај во неколку тома, заклучувајќи:

„Има многу вработени во ова претпријатие.“

Погодете кого прво отпуштил Лавот?
Мравката, нормално, затоа што „манифестирала недостаток на мотивација и конфликтно однесување“.

Сподели на Facebook
пати видено