„Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи е несомнено една од најпознатите слики на ренесансата. Гордоста на Лувр не може добро да се разгледа, поради мерките за заштита на музејот. Иако можете да извидите од близу друга слика на Леонардо- „Света Ана со Мадона и детето“, ќе бидете среќни ако успеете да фрлите поглед кон „Мона Лиза“ поради толпата од луѓе, кои обично се собира околу ова уметничко дело. Благодарение на електронските заштити и постојаното обезбедување, кражбата на Мона Лиза е речиси невозможна.

На 22 август 1911 година, службениците на музејот известиле дека Мона Лиза не е на нејзиното место. Лувр веднаш се затворил и веднаш пчнала потрагата (рамката на сликата била откриена на скалите) и пристаништата и источната граница на Франција биле затворени за да се направи претрес на сите патници. За жал, тоа не било од корист. Единственото нешто што се случило во оваа фаза е појавата на гласини дека „Мона Лиза“ била во Русија, во Бронкс или дури во домот на банкарот Џон Морган.

Две години подоцна, Мона Лиза била откриена откако продавач на слики контактирал со Лувр, тврдејќи дека нивната слика му била предложена од самиот крадец. Подоцна, се покажало дека крадецот бил Винченцо Перуџа, италијански уметник кој работел во музејот на програмата за заштита на многу ремек-делата изложени во музејот.

Постојат две можни приказни за тоа што Перуџа им кажал на полициските службеници. Првата е дека рано наутро на 21 август 1911 година, денот кога музејот бил затворен за посетители, бил облечен како работник. Ја земал Мона Лиза од ѕидот, ја извлекол од рамката, ја обвиткал во својата работна мантија и ја ставил под мишката. Другата верзија е дека Перуџа се криел во музејот во текот на ноќта и следниот ден тој ја извршил кражбата.

Мотивите на крадец биле доста чудни. Тој ѝ кажува на полицијата дека сака да ја врати Мона Лиза во Италија, нејзината земја на потекло, верувајќи дека сликата била украдена од Наполеон. Но, без оглед на тоа во што верувал Перуџа, тој очигледно не ја знаел целата вистина, бидејќи Леонардо да Винчи ја однел недовршенената слика во Франција, кога тој заминал таму на покана на францускиот крал Франсоа I. По смртта на Леонардо да Винчи, сликата е законски купена за Кралската колекција.

Затоа не е чудно што во статија од 1932 година на новинарот Карл Декер, објавена во „Saturday Evening Post“, целата ситуација е опишана на доста поинаков начин. Според Декер Аргентинец на име Едуардо де Валфиерно споделил со него, дека токму тој раководел со кражбата на „Мона Лиза“, извршена од Перуџа. Планот на Валфиерно бил прилично комплициран и вклучувал ангажирање на квалификуван фалсификатор кој можел да ја реплицира секоја украдена слика – дури и Мона Лиза. Не само што продавале фалсификати, туку ги искористиле за да ја зголемат довербата на потенцијалните купувачи дека ќе ја добијат вистинската слика по кражбата.

Измамникот одел со потенцијалните купувачи во уметничка галерија каде што побарал од жртвите да ја одбележат со некој симбол задната страна на сликата што сакале да ја поседуваат. Овој трик е веројатно направено со тајно поставување на копијата зад вистинската слика. Било толку ефикасно што измамникот успеал да продаде копии од Мона Лиза шест пати.

Така, кога оригиналот бил вратен во Лувр, сите купувачи на Валферно сметале дека сликата изложена во музејот била копија, но никој не се спротивставил на тоа.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено