Возило со голема брзина „летало“ во воздухот и „слетало“ на вториот кат од една мала зграда, во Санта Ана, Калифорнија. Двајцата патници кои биле во возилото преживеале, но еден од нив останал во возилото еден час пред да биде спасен од пожарникарите.

Несреќата предизвикала мал пожар на местото на ударот, на вториот кат. За среќа немало никој во зградата кога се случила несреќата. Двајцата патници биле однесени во болница со мали повреди, а нивниот идентитет сè уште не е откриен. Вториот кат од зградата служи како деловен простор.

Сè уште нема официјален извештај за тоа како автомобилот успеал да се „качи“ на вториот кат, иако се знае дека се движел со голема брзина. Личноста која останала заробена во автомобилот еден час, била извлечена од совозачката страна.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено