Индонезиското дете Арди Ризал, своевремено си доби место на Мотика, а интересно е да видиме каков му е животот денес, после 7 години.
Во 2010 година, сликите од малиот пушач Арди Ризал ја разбранува целата интернет јавност, луѓето сериозно се загрижија за здравјето на момчето, но неговото семејство не гледаше ништо лошо во тоа. Бидејќи поминаа 7 години, многумина го заборавија момчето, но интересно е да се види дали и како пушењето влијаеше на неговиот живот.

Под притисок на јавноста, владата на Индонезија се заинтересирала за случајот на момчето, по што социјалните служби одлучиле да го сместат момчето во еден центар за рехабилитација. Родителите се сложиле главно затоа што трошеле многу пари за купување цигари, а без цигара момчето станувало хистерично, па дури и си ја удирало главата од ѕидот.

Конвенционалните методи на лекување зависност од цигари не му делувале на детето, па така вработените во институцијата одлучиле да му го одвлекуваат вниманието со храна.

Новата љубов – храната, од која голем дел воопшто не била здрав, довела до фактот дека на возраст од 6 години, Арди се соочил со еден нов проблем – дебелината.

Кога мајката на детето сфатила дека сама не може да се справи со дебелина на детето, таа побарала помош од нутриционист кој му дал на детето строга диета.

Целосното ослободување од новата зависност на Арди траело две години. Тој сега јаде сѐ, не пуши и изгледа како и секое друго здраво дете на негова возраст.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено