Според Ноа Зандан, автор на книгата „Јазикот на лажењето“, можете да препознаете кога ве лажат дури и без употреба на полиграф, и тоа во само четири едноставни чекори. „Ние кажуваме 10-200 лаги дневно“, вели Ноа. „Делумно лажеме и за да оставиме подобра слика за себе, поврзувајќи ги нашите фантазии за личноста која би сакале да бидеме, наместо со личноста која навистина сме. Приказните засновани врз замислени искуства се квалитативно различно од тие засновани врз реални искуства. Ова сугерира дека со создавањето на лажна приказна за лична тема изискува труд и резултира со поинаков јазичен образец. Технологија позната како лингвистичка текстуална анализа помага да се идентификуваат четири такви чести обрасци во овој потсвесен јазик на измамата.“

zl02

Според Ноа, ова се четирите знаци според кои можете да препознаете кога некој ве лаже:

Лажговците помалку се спомнуваат себеси

Кога луѓето лажат, тежнеат кон тоа да се дистанцираат себеси од дејството, често зборувајќи за себе во трето лице или користејќи пасивни форми. На пример, почесто би кажале „колата не беше возена од никого“ место „јас не ја возев колата“.

lz01

Лажливците се понегативни

На потсвесно ниво, лажливците се чувствуваат виновни поради изречените лаги, па така нивниот говор вообичаено е негативен. На пример, би можеле да кажат „Не мамев на глупавиот тест“ или „сообраќајот беше ужасен – мразам што морам да патувам.“

Лажливците ги објаснуваат настаните со едноставни изрази

Кога лажливците измислуваат нешта, вообичаено ги поедноставуваат нивните приказни.

Лажливците употребуваат долги реченици

Иако нивните приказни по суштина се едноставни, имаат обичај да ги украсуваат нивните приказни со многу непотребни детали.

Сподели на Facebook
пати видено