Ако до сега вкусна скара јадевте само на излети, од сега ќе можете да си ја приготвите и дома, со овој едноставен трик со 3 литарска тегла.

За приготвување на раженчињата потребно ви е: 1 кг. свинско месо, 250 гр. сланина, 2-3 главици кромид, малку сок од лимон, 100 мл. вода, бибер, сол и зачини по желба.

Месото се мие и се сече на мали парчиња. Се додава бибер, сол, сокот од лимон и зачините. Додадете го кромидот исецкан на прстени и водата. За маринирање доволно е месото да стои измешано со сите состојки половина час. Потоа, ситно исецканата сланина, заедно со месото и парчиња кромид се редат на дрвени стапчиња. На дното на теглата го оставаме кромидот што ќе ни остане и редиме 4-5 раженчиња во теглата. Вратот на теглата фо затвораме со алуминиумска фолија и ставаме да се пече во рерната. Рерната мора да биде ладна, а теглата сосема сува од надвор за да не пукне. Се пече на температура од 180-200 степени од 60-80 минути. Откако ќе го исклучите шпоретот, оставете ги раженчињата внатре уште 5 минути. Вратата на рерната мора да се отвора внимателно за да не пукне теглата од нагла промена на темературата.

shashlik_v_banke_01

shashlik_v_banke_02

shashlik_v_banke_03

shashlik_v_banke_04

Сподели на Facebook
пати видено