30-годишниот Ешли Јејтс не е хобит. Англичанецот од Бедфорд е експерт по дизајн и конструкција кој е преголем да биде хобит, но тој решил да изгради „хобитско дувло“ во својата градина, проект кој му одзел речиси цела година за да го заврши. Откако морал да искорне едно дрво во неговиот двор, тој сфатил дека хобитското живеалиште е идеалната замена за него.

Многумина коментирале дека градбата ќе биде подложна на оштетување од вода. Јејтс ја објаснува процедурата за создавање на водоотпорност: „Изработивме силна внатрешна дрвена рамка која е покриена со брановиден лим со цел да се вакумира сѐ. Дното е бетонирано и нивелирано со водооторен материјал. Внатрешноста е обложена со дрво, за поголема удобност, а се разбира е опремена и со систем за вентилација.

hb01 hb02 hb03 hb04 hb05 hb06 hb07 hb08 hb09 hb10 hb11 hb12 hb13

Сподели на Facebook
пати видено