Затнатиот нос може да биде најлошиот симптом на настинката. Ве боли главата, не можете да спиете, не можете ни да зборувате како што треба. За среќа, има начин да се прочисти носот и синусите. Еве ви упатство со чекор по чекор.
1. Најдете го делот веднаш помеѓу вашите веѓи и притиснете со прст на тоа место во траење од една минута.
2. Нежно притиснете ги вашите слепоочници во исто време од двете страни и држете така околу една минута.
3. Масирајте го носот кај пределот во близина на вашите очи во траење од околу една минута.
4. На крај, околу две минути нежно масирајте го местото кадешто ви почнува ‘рскавицата.
Додека го правите ова не би требало да чувствувате никаква болка. Ако ве боли, значи премногу притискате. Можеби ќе има потреба да го повторите повеќе пати за да го прочистите носот.
Се надеваме дека наскоро ќе се чувствувате подобро!