Во 1981 година, научниците од СССР креирале тест кој овозможува да ја одредите со неверојатна точност доминантната хемисфера на човечкиот мозок. Различни хемисфери се одговорни за различни активности, размислување и пристап кон решавање на проблемите.

Знаејќи која хемисфера ви е подобро развиена, можете да изберете најсоодветна професија или да го објасните вашето навидум, чудно однесување во секоја ситуација.

Пред да започнете, подгответе се

Земете 2 листови хартија: на еден ќе ги запишувате резултатите, а вториот ќе ви биде потребен за да извршите некои точки. По завршувањето на секоја задача, запишете го резултатот. За целиот тест ќе ви бидат потребни помалку од 7 минути.

1. Испреплетете ги прстите

Испреплетете ги прстите без да размислувате. Кој палец е на врвот? Ако е оној на левата рака ставете буква Д на листот, ако е тој на десната ставете Л.

Не е грешка. Секоја хемисфера на мозокот ја контролира спротивната страна на телото, па ако десната рака е доминантна, тогаш е левата хемисфера и обратно.

2. Тест на Розенбах

Земете молив во вашата рака и ставете го пред очите, како на сликата. Сега погледнете и „целете“ во врвот. Затворете го едното око, а потоа и другото. Со затворање на кое око моливот „се движи“ повеќе?

Ако се поместува повеќе кога го гледате со десното око ставете Л, а доколку го прави тоа со левото ставете Д. Ако поместувањето е исто ставете 0.

3. Наполеонова поза

Прекрстете ги рацете како на сликата без да размислувате. Која рака е на врвот? Ако е десната пишете Л, ако е левата Д.

4. Аплауз

Почнете да аплаудирате и забележете која рака се наоѓа на врвот. Доколку е левата, Д, а доколку е десната ставете Л.

5. Скрстете ги нозете

Која нога е на врвот? Доколку е десната пишете Л, а доколку е левата Д.

6. Намигнете

Со кое око намигнавте? Доколку е со десното Л, а со левото Д.

7. Вртење

Станете и свртете се неколку пати. На која страна се вртевте? Спротивно од стрелките на часовникот- Л, или во насока на стрелките на часовникот, Д.

8. Линии

Земете го сега другиот лист и со молив или пенкало, со секоја рака направете по неколку вертикални линии. Со која рака нацртавте подобро линии. Доколку е со десната ставете Л, а со левата Д.

9. Круг

Со било која рака нацртајте круг кој завршува со стрелка. Ако линијата оди спротивно од стрелките на часовникот- Л, или во насока на стрелките на часовникот, Д.

Внесете ги вашите податоци во формулата.

Избројте го бројот на буквите Л и внесете го. Истото направете го и со бројот на буквите Д.

Потоа пресметајте го резултатот:

Повеќе од 30% е целосна доминација на левата хемисфера.
Од 10% до 30% – нецелосна доминација на левата хемисфера.
Од -10% до + 10% – нецелосна доминација на десната хемисфера.
Повеќе од -10% е целосна доминација на десната хемисфера.

Неколку факти за вас

Во левата хемисфера е центарот на говорот, така што луѓето со „лева-хемисфера“ сакаат да разговараат. Но, левата хемисфера е способна да го разбере само буквалното значење на зборовите.

Но, десната хемисфера е одговорна за интонација. Луѓето со „десна-хемисфера“ зборуваат малку, но посветуваат посебно внимание на интонацијата.

Десната хемисфера е чувствителна на хумор и ги разбира метафорите.

Левата хемисфера не ја чувствува музиката.

Идентификацијата на обичните човечки ликови е функција на десната хемисфера. Затоа, луѓето од „левата хемисфера“ можеби не ве препознаваат на улица.

Луѓето од „левата хемисфера“ сакаат да влезат во детали, тие се конкретни.

Десната хемисфера ни дава можност да сонуваме и фантазираме. Со помош на десната хемисфера, можеме да составиме разни приказни.

„Десната хемисфера“ прво „ја сфаќа“ целата слика, а потоа ги потенцира деталите.

„Левата хемисфера“ прво ги идентификува деталите, а деталите ја формираат идејата за субјектот како целина.

Десната хемисфера добро се сеќава на емоции, чувства, лично искуство.

Левата хемисфера се сеќава на логичките врски, графикони и системи.

Сподели на Facebook
пати видено