Двајца психијатри седат на висок мост на кој имало многу туристи. Едниот вели:
– Секогаш тврдиш дека си подобар психијатар од мене. Ако можеш да убедиш тројца од овие туристи да скокаат од мостот и да се искршат, тогаш ќе ти дадам рака и ќе признаам дека си подобар.
Другиот прифатил. Тој внимателно ги погледнал луѓето наоколу, му пристапил на еден и му рекол:
– Ти си Американец, нели?
Човекот потврдил.
– А знаеш ли дека си шворц. Кредитната картичка ти е блокирана, куќата и автомобилот ти се конфискувани од банката?
– Тогаш зошто ми е ваков живот? – Рекол Американецот и скокнал од мостот.
Психијатарот погледнал наоколу и избрал втор човек.
– Ти си Французин, нели? Дали знаеш дека твојата сопруга избега со твојот најдобар другар, а љубовницата си најде друг?
– Тогаш нема зошто да живеам! – Рекол Французинот и скокнал од мостот.
Психијатарот му пристапува на трет:
– Ти си Македонец нели?
– Да.
– А знаеш ли дека од овој мост е забрането да се скока?

Сподели на Facebook
пати видено