Лукот и медот можат да се најдат речиси во секоја кујна, но дали сте знаеле дека со нивната комбинирана употреба може да се зајакне имунитетот и да ви помогнат да ја победите речиси секоја болест?

Се разбира, тешките болести сепак изискуваат професионален медицински третман, но кога станува збор за лекување на полесни заболувања како настинка и слично, тогаш овој лек може да ви се најде.

how-to-make-medicinal-garlic-honey-600x315

Лукот е одличен поради неговите антимикробски својства кој помага да се убијат вирусите и бактериите во вашето тело. При сецкањето/дробењето на лукот, се ослободува алицин, кој е полезен за зајакнување на имунитетскиот систем кога сте болни.

Ако сте настинати, слободно обидете се, бидејќи во никој случај не може да ви наштети. Ова се потребните состојки:

– 3 лажици оцет
– 3 лажици маслиново или кокосово масло
– 3 лажици измешан мед со лук
– 1/4 лажица синапово семе
– 1/4 лажица целер
– 1/4 лажица бибер

Едноставно измешајте ги овие состојки. Добиената смеса потоа можете да ја употребите како прелив за салата или да ја внесувате со лажица.

Сподели на Facebook
пати видено