Да бидеме искрени – сите во некој момент сме се однесувале на отровен, лош начин кон некого. Никој од нас не е имун на промени во расположението, но многу луѓе еволуираат, стануваат поурамнотежени и посвесни и многу ретко си дозволуваат испади.

Но, има и луѓе кои се со послабо емоционално здравје, луѓе кои манипулираат, лажат и мамат, како и луѓе кои шират негативна енергија и песимизам. Дефинитивно луѓе од кои би требало да се држите подалеку. Ќе избегнете многу неволји ако знаете како да ги препознаете.

Прекинувањето на некаква меѓучовечка врска може да биде болно искуство, особено ако зад вас се долги години. Но, тоа може да ви помогне да си создадете простор за многу поздрави и полезни врски во вашиот живот. Еве некои карактеристични нешта по кои ќе ги препознаете.

How To Spot Toxic People And Keep Them Out Of Your Life

1. Уште на самиот почеток ви ги кажуваат нивните најдлабоки тајни

Било да станува збор за секојдневен разговор или за романтичен состанок, луѓето коишто се отвараат прерано откривајќи сѐ за себе најчесто се покажуваат како отровни луѓе. Кога некој е премногу отворен со вас, без да ве знае добро, можеби во тој случај и не се работи за сосема здрава личност. Се разбира, сосема е во ред да се биде екстровертен, но тоа е нешто сосема различно. Исто така, внимавајте и кога зборува лоши нешта за други луѓе зад нивен грб. Кој ви гарантира дека некој ден нема да зборува и зад вашиот грб?

2. Сакаат да бидат во центарот на вниманието

Тие буквално ги киднапираат разговорите и никогаш не поставуваат прашања. Сакаат да ве вовлечат во нивниот свет што е многу побрзо. Ќе ви раскажуваат за тоа колку ги бива за ова или она, ќе ви го кажуваат нивното мислење за разни нешта, за нивните богати искуства, колекции кои ги поседуваат, за нивните постигнувања и цело време ќе го бараат вашето внимание. Здравите и воспитаните личности вообичаено чекаат да бидат прашани. Желбата по секоја цена да се доминира со разговорот често посочува кон несигурност, егоцентричност и нарцисизам.

3. И постојано некаква драма

На некои луѓе постојано им се потребни некакви епизоди на криза, конфликти и немир. Изгледа чувствуваат силна потреба да се справуваат со некакви големи проблеми и се чувствуваат неудобно доколку подолг период им се случува некоја смирена рутина.

4. Премногу се саркастични

Погрдните коментари и хуморот на туѓа сметка, дури и ако вие не сте целта, сигнализираат за недостаток на сочувствителност и потреба да се докажува некаква супериорност.

5. Постојано се обидуваат да ве контролираат

Ако чувствувате притисок да се однесувате или да мислите во согласност со нечии желби, а не како што вие чувствувате, побрзајте кон следниот излез.

6. Секогаш ве обвинуваат вас и ги потценуваат вашите способности

Се чини како ништо да не можете да сторите како што треба. Другиот постојано ве критикува и посрамува како недоволно способни. Ја исмева вашата личност и прави да се чувствувате посрамено. Ве остава на мир само кога ќе му се придружите во посрамувањето и осудувањето на некој трет.

7. Се лутат ако сакате да промените нешто во вашиот живот, особено ако тоа значи подобрување на вашиот живот

Секогаш кога сакате да ги надминете ограничувањата и да се подобрите, отровниот човек на тоа одговара со исмевање и неверување дека би можеле да успеете. Не очекувајте охрабрување или поддршка. Наместо тоа, ќе се обидува да ве задржи заглавени во старите рамки уверувајќи ве дека никогаш нема да бидете различни од тоа што сте сега. Едноставно се работи за завидливост и не треба да прифаќате вакви нешта!

Сподели на Facebook
пати видено