Зборот „рак“ со право предизвикува трепет во срцата на луѓето шурум светот. Иконски фигури како сер Тери Воган, Дејвид Боуви и Алан Римкан оваа година го напуштија овој свет токму поради таа болест. Но, промената во начинот на живеење би можела да спречи 40 отсто од канцерогените заболувања, тврди еден експерт.

Медицинскиот новинар Ана Маги октрива осум начини како да го намалите ризикот, и еве се накратко нејзините совети.

1. Ослабете

rk01

Експертите се согласни дека преголемата тежина е директно поврзани со канцерогените заболувања, особено со стомачните канцери.

2. Држете се до една чаша на вечер

rk02

Пиењето алкохол исто така се поврзува со ризикот од заболување од рак. „Ризикот од рак започнува дури и со мали количества алкохол, затоа најдобро да се држите до една чаша на вечер“, вели еден професор. „Алкохолот е етанол кој се метаболизира во супстанца наречена ацеталдехид која телото тешко ја обработува. Високото ниво на алкохол предизвикува дехидрација што клетките ги прави многу ранливи.“

3. Конзумирајте јогурт

rk03

Јогуртот ја одржува цревната флора, која е од витално значење за здравјето на организмот, а производите како јогурт и кефир се многу добри за одржување на истата.

4. Напијте се аспирин

rk04

Познато е дека мали повремени дози аспирин помагаат во спречување на срцеви болести. Но, најновите истражувања покажуваат дека исто така би можел да спречи и рак на дебелото црево и други видови стомачен канцер.

5. Маринирајте го месото

rk05

Со истражувањата на Европската студија за исхраната и ракот се покажало дека црвеното месо е поврзано со повисок ризик за развој на цревни канцери. Ова најмногу се должи на хетероцикличните амини кои се формираат кога месото се готви на високи температури. Но, истражувачи од Државниот универзитет на Канзас откриле дека маринирањето на месото со зачини како розмарин, оригано, босилек и сл. го намалуваат процентот на хетероцикличните амини.

6. Растителни влакна

rk06

Повеќе растителни влакна, и повеќе овошје и зеленчук (пет порции дневно) може да помогне да се спречат 14 различни видови рак.

7. Заштитете се од штетните УВ зраци

rk07

Користете производи за заштита од сонцето, а кога е многу жешко, најдобро е да се засолните на ладовина. Покрај тоа, колку што е можно покријте го телото со лесна облека која ги одбива сончевите зраци. Интересно е тоа што научниците откриле дека сините и црвените ткаенини претставуваат подобра заштита од белите или жолтите.

8. Почнете да се движите

rk08

Активниот живот го подобрува нивото на хормони кои помагаат во налаувањето на ризикот за развој на најразлични видови канцерогени заболувања, затоа не наоѓајте изговори, туку почнете со некаква физичка активност за да бидете поздрави.

Сподели на Facebook
пати видено