Пиво наместо вода, дабари наместо риби и многу каши. Ова не се сите карактеристики на кујната на жителите на средновековна Европа.

Денес, кога состојките за речиси секое јадење можат да се купат во продавница во близина на домот, и благодарение на различни методи за готвење и кујнски прибор, секој може да се чувствува како готвач, интересно е да се замисли како би се однесувале во средниот век, кога немало современи технологии за складирање храна, ниту различни начини за нејзино подготвување. На крајот можете да го погледнете рецептот за средовековна чорба, наречена мумин.

1. Месо

Кога немало пост, прженото месо од домашни животни било често на европската маса. Најмалку можело да се види на масата говедско месо, бидејќи одгледувањето на крави во средниот век барало многу енергија, а во тоа време млекото и стоката биле повеќе ценети од месото.

Како по правило, свинско месо било популарно. Сепак, во прилог на вообичаеното чисто месо или сланина, на масата можеле да се најдат и „неочекувани“ делови од телото на свињите: муцка, уши, опашка, па дури и гениталии.

Оние кои биле родени во богато семејство или во семејство на ловци, често јаделе месо, а најмногу сакале зајаци, не само поради вкусното месо, туку и поради тоа што биле дозволени да се јадат за време на пост.

2. Риба

Средновековното мени за риба е многу поразлично од денешното. Тие сметале дека дабарите и птиците кои живеат во вода се исто така риби. Меѓутоа, во оваа листа имало и доста познати видови риби од XXI век: штука, пастрмка, харинга или треска.

Пред да завршат на масата рибите се посолувале и била оставани да се исушат. И пред готвењето, рибите биле удирани со чекан и потопувани во вода, така што тоа не би биле „гумени“ на вкус.

3. Гарнири

Во средновековна Европа, компирот се појавил доста доцна и имало многу малку ориз, бидејќи на овие територии долго време не се одгледувале.

Но, било можно да се јаде леќа или тестенини, постоењето на второто е потврдено, на пример преку „Декамерон“ од Џовани Бокачо. Тестенините пред да се служат на масата долго време се вареле во врела вода, супа или млеко, а потоа биле посипувани со шеќер.

Оној кој не ги сакал овие јадења можел да јаде грав, кој во тоа време го имало во големи количини.

4. Каши

Кашите биле подготвувани во секој дом, без разлика на социјалниот статус на семејството. Луѓето од средниот век најголемиот дел од калориите ги добивале од кашите. Кашите биле подготвувани од било кој достапен вид житарки. Освен што служеле како појадок, каша од бадемово млеко со шеќер се служела и како десерт.

5. Леб

Белиот леб од пченично брашно можеле да си дозволат само богатите. Сиромашните семејства биле задоволни со ‘ржен леб. По оброкот во парче леб може да стави супа, сок, па дури и вино.

6. Слатки

Денес јаболка во карамела можат да се најдат во менито на ресторанот и на масата дома. Ова јадење било многу популарен десерт во средновековна Европа. Но, наместо со сируп или шеќер, јаболките ги преливале со мед. Имало разновидни шеќерни палачинки, слатки тестенини, колачи и како што веќе споменавме погоре, засладена каша.

7. Млечни производи

И покрај фактот дека млекото било достапно за луѓе од речиси сите класи, за возрасните не било наменето. Најчесто го користеле старите луѓе и децата. Возрасните го консумирале преку путер или како кисело млеко. Наместо млеко од животинско потекло, бадемово млеко се користело за готвење. Во средниот век, производството на сирење било одлично: пармезан, бри, едам, рикота биле дури достапни и за претставници на пониските класи.

8. Пијалаци

Во тоа време, водата била непопуларна поради неколку причини: било тешко да се исчисти, не била препорачана од лекари и едноставно не била престижна. Многумина ја замениле водата со алкохол. Тоа можело да биде вино, кое почесто било пиено од богати луѓе и сопственици на лозови насади, или пиво, кое им било достапно на посиромашните луѓе.

На болните луѓе им била давана медовина и кумис. Чајот и кафето не биле вообичаени насекаде. Патем, кон крајот на средниот век станале популарни дестилирани пијалоци. Се верувало дека вотката го подобрува здравјето и ја враќа младоста.

9. Зачини

Биберот ретко можел да се види на некоја маса, бидејќи се сметал за луксуз. Тој не се кристел за храна туку како средство за плаќање. Биберот бил собиран, продаван и ставан во мираз. Други зачини, како ким, морско оревче, ѓумбир и други (не помалку скапи), заедно со црвена сол биле увезувани од Азија и Африка.

Солта исто така ја определувала финансиската состојба. Во колку поубав сад била сместена солта за толку побогат се сметал сопственикот.

Бонус: Рецепт за Мумин – слатка средновековна чорба

  • Исецкајте го мешаното месо од фазан и кастриран петел.
  • Додадете цимет, рендан ѓумбир и каранфилче.
  • Ставете ги во сад за варење и потоа додадете бор ореви.
  • За боја, можете да додадете малку сандалово дрво.
  • Ако сте нашле кастриран петел некаде, можеби сандаловото дрво ќе најдете без проблеми.
  • Оставете да врие додека месото не се свари.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено