Ова е приказна за чудо. За портокаловото крзнено суштетсво кое го спаси животот на бездомниот, уличен музичар и зависник од дрога и го направи богат човек. Ова е приказната за неверојатниот мачор по име Боб.

На 15 март 1979 година во областа на англискиот округ во Сари се родило момче по име Џејмс Боуен. Но, семејството се распаднало а неговата мајка се преселила со него во Австралија. На момчето таму не му одело добро и го напуштил средното училиште, а на 18 години повторно се вратил во Англија.

Џејмс требал да живее со неговиот татко, неговата полусестра и нејзиниот сопруг. Сепак однсоите не успеале и момчето завршило на улица. Тој пари за храна заработувал така што свирел на гитара по парковите и улиците. Депресијата и менталната болест го довеле до тоа да почне да користи хероин.

Во 2007 година Џејмс решил да се спаси од дрогата, влегол во програма за одвикнување и добил просторија за спиење доделена од општината. Една вечер се вратил дома и пред врата здогледал портокалов мачор. Тој мислел дека е на некој од станарите и не му обрнувал внимание. Но, забележал дека неколку дена по ред мачорот упорно доаѓа пред неговата врата. Кога добро го погледнал сфатил дека шепата му е повредена и решил да му помогне.

Тој му го дал името Боб, по ликот кој олицетворувал зло во мистичната серија „Твин Пикс“. Џејмс му ги залечил раните на мачорот, а го исчистил и од болви, оттогаш мачорот му правел доброволно друштво на секоја свирка во паркот и најчесто стоел мирно на неговите раменици додека музичарот свирел.

Свирките на Џејмс станале познати и многу луѓе доаѓале да го слушаат во Ковент Гарден, а станал и познат на Јутуб. Тогаш Џејмс решил да напише книга за средбата со Боб и тогаш го запознал неговиот иден агент, Мери Панчос. Мери се чудела како мачката дури и на студен зимски ден верно седи до нејзиниот сопственик и го слуша како свири.

Боб е навистина неверојатен мачор. Ја отвара вратата, па дури и го користи тоалетот. Некои се обиделе да го споредат со Гарфилд – познатиот мачор од стрипови, но Џејмс не се согласува дека тие се слични: неговиот пријател не е толку циничен и мрзлив. Боб е повеќе како мачка-Буда, мирен и мудар.

Едноставната и непосредна приказна го освои светот. Книгата на Џејмс „Уличната мачка по име Боб“ (A Street Cat Named Bob) е преведена на десетици светски јазици – од Русија до Јапонија. Книгата доби две продолженија: „Светот според Боб“ (The World According to Bob) и „Подарок од Боб“ (A Gift from Bob). Во 2016 година бил снимен и првиот филм за мачорот Боб, со налов „Мачорот по име Боб“, каде што главаната улога ја играше самиот Боб.

Сега Џејмс има уште една портокалова мачка по име Џинкси. Тој пишува песни, прави карикатури и помага при креирање на игри за деца. Заработените пари тој великодушно ги донира за засолништа за скитници и проекти за рехабилитација на бездомници и лекување на зависници од дрога.

Сподели на Facebook
пати видено