Кајли Џенер е најбогатиот член на семејството Кардашијан. 20-годишната реалити ѕвезда се наоѓа на насловната страница на Форбс во број посветен на „Американските жени милијардери“. Според магазинот, Кајли, која треба да наполни 21 година во август, сега вреди околу 900 милиони долари благодарение на нејзината козметичка линија. Откако ќе ја премине границата од 1 милијарда долари, таа ќе го надмине Марк Закерберг, основачот на Фејсбук како најмладиот досега самостоен милијардер.

Во приказната што ја придружувала насловната страница, Форбс објавил дека проценуваат дека Kylie Cosmetics заработиле 630 милиони долари по основањето во 2015 година. Таа поседува 100% од компанијата, а има само седум вработени со полно работно време и уште пет вработени со скратено работно време.

Исто така таа заработила голема сума на пари од телевизиски програми и рекламирање на производите на Пума и PacSun облека како и 60 милиони долари во проценетата дивиденда по оданочување што ја земала од нејзината компанија.

Како и за сите нејзини деца, Крис управува со финансиите и односите со јавноста на нејзината ќерка за 10 проценти од добивката. Минатата година, тоа значи дека Кајли ѝ платила на нејзината мајка 17 милиони долари.

Кајли Џенер е исто така и млада мајка. Таа и раперот Травис Скот во февруари ја добија нивната ќерка Сторми.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено