Мислиме дека денес светот е едно големо поврзано семејство каде што може да се допре до секое место и до секој човек, но сепак сè уште има стотици „диви“ племиња кои се кријат од очите на јавноста. Фасцинантно е да се помисли дека овие мали групи луѓе целосно не се свесни за слетувањето на Месечината, нуклеарното оружје, интернетот, Америка, Европа, диносаурусите и слично. Сè што знаат е нивното непосредно опкружување и тоа е доволно.

Сентинелесе

Стотици километри источно од Индија лежи Андаман архипелагот. Пред околу 26.000 години луѓе решиле да го населат островот. Тие луѓе за првпат оствариле контакт со надворешниот свет во 18 век. Но, тоа се покажало како грешка бидејќи голем дел од нив починале од болести, насилство и инвазии. Затоа денес има околу 500 луѓе и барем едно племе, наречено Јангли. Постоеле многу обиди за да се оствраи контакт со овие луѓе, но голем дел од обидите завршиле фатално или пак имало повредени.

Дивите племиња во Бразил

Огромните подрачја на бразилскиот Амазон – особено во длабочините на западниот дел на Акре, се дом на околу 100 диви племиња, како и неколку други кои доброволно воспоставиле контакт. Од 1987 година, официјалната владина политика е да не сее контактира со племињата, освен ако нивниот опстанок не е во опасност.

Многу малку се знае за овие изолирани групи, но тие се различни племиња со различни култури. Тие имаат тенденција да избегнуваат контакт со некој што се обидува да стапи во контакт со нив, првенствено поради претходните средби што се покажале како катастрофални. Некои се кријат во шумите, додека други се бранат со копја и стрели. Неколкумина се номадски ловци-собирачи, како Ава и Кавахива племињата, кои се селат од едно место на друго. Еден човек претставува посебна меланхолија затоа што е последниот преживеан од неговото племе. Живее длабоко во дождовната шума на територијата Танару во државата Рондонија, овој човек го напаѓа секој кој ќе му се приближи. Неговиот јазик е целосно непреводлив, а културата на поранешното племе останува мистерија.

Други диви племиња во Јужна Америка

Иако во Бразил најверојатно го има мнозинството од наведените племиња, има диви племиња и во Перу, Боливија, Еквадор, Парагвај, Гвајана, а можеби и Венецуела. Генерално, многу малку се знае за нив во споредба со Бразил.

Маско Пиро е номадски, перуански народ кој преживеал децении на агресивно уништување на шумите, од страна на индустријата за гуми. Племето Нанти може да се набљудува само со хеликоптер. Хуарорани луѓето од Еквадор имаа јазик кој не може да се повзе со било кој друг во светот. Племињата Тароменане и Тагаери често се убивани од дрвосечачите кои го бараат вредното махагони дрво.

Дивите племиња на Западна Папуа

Западниот дел на островот Нова Гвинеја е дом на околу 312 племиња, од кои со 44 уште не е воспоставен контакт. Планинскиот регион е покриен со дебели, густи, шуми, што значи веројатно сè уште не сме ги забележале. И тука контактот се избегнува на мирен или агресивен начин од племињата. Племиња се генерално поделени во две варијанти. Оние кои живеат по должината на брегот талкаат низ мочуришта и преживуваат со лов, собирање и риболов. Во централниот регион, кој е на висока надморска височина, се одгледуваат свињи и компири.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено