Бидејќи ние се мислиме за најпаметни на целиот свет, не е лошо да ги погледнеме бројките. Резултатите се добиени од четиригодишно истражување од професорот по психологија Ричард Лин и професорот по политички науки Тату Ванханен од Велика Британија и Финска.

Студијата била спроведена во 80 земји, а резултатите покажуваат дека коефициентот на интелигенција зависи од богатството на една нација. Истражувањето предизвика комплетна контроверзност и многу дебати.

Постојат повеќе класификации на коефициентот на интелигенција, но моментално најприфатена е скалата на Дејвид Векслер, според која за просечен коефициент на интелигенција се смета од 90 до 109. Според истражувањето жителите на Хонгконг имаат највисок просек на интелигенција во светот кој изнесува 108.

Македонија го дели 16-тото место со уште неколку останати земји со просечен коефициент на интелигенција кој изнесува 91. Од соседите најниско рангирана е Србија со 89, а највисоко Бугарија со 93, додека Албанија, Босна и Хрватска го делат 17-тото место. Останатите држави се прикажани на табелата подолу.

Лин и Ванханен тврдат дека барем ова истражување, всушност, успеало да ја воспостави врската помеѓу богатството и интелигенцијата, што значи дека интелигенцијата не е само под влијание на генетиката, туку опкружувањето во една нација, што се сведува на материјално богатство.

Сподели на Facebook
пати видено