Мајка на две деца открива зошто решила да го поддржи својот сопруг кога открила дека се гледа со други мажи. 52-годишната Лиана Валден од Ванкувер, Канада, се омажила за 54-годишниот Марк пред 22 години и вели до пред осум години уживале во нивниот традиционален брак. Но, тогаш Марк ѝ признал на жена си дека е бисексуалец и дека ја истражува неговата сексуалност.
„Бевме на планинарење кога Марк ми кажа дека треба да позборуваме. Тој ми кажа дека спиел со други момци и дека е бисексуален. Бев поразена, но не сакав да бидам како сестра ми или некои пријателки и да се разведам, бидејќи сѐ уште го сакав Марк. Иако сега изгледа како жена полна со разбирање, Лиана признава дека отпрвин не знаела како да се справи со веста.
„Бев шокирана. Првин беше поразително. Не бев толку лута поради тоа што шарал наоколу, колку поради тоа што ме лажел. Се чувствував љубоморна затоа што почнал да експериментира. Не ја сакав истата врска повеќе. Му кажав, ако го правиш тоа, тогаш и јас сакам да експериметнирам. Се лутев на себеси затоа што не сфатив дека се гледа со други мажи цели две години, но не бев подготвена да се откажам и да го уништам бракот, нашите животи и сѐ. Па така, почнав да размислувам надвор од шаблонот.“
Наместо да го напушти, Лианда и Марк изнашле невообичаено решение – да пробаат отворена врска. „Решив да се обидеме и да направиме нашиот отворен, немоногамски брак да профункционира. Марк може да се геда со своите пријатели, а и јас можев да се гледам со други луѓе. Се впуштавме и во тројки како дел од нашето споделено искуство. Си определивме време да бидеме заедно и време да бидеме со други. Навистина сакавме да бидеме со други, но да се ослободиме еден со друг и да го правиме тоа што го сакаме на сексуален план.“
Лиана, која е „тренер за лични и сексуални врски“ и „сексуален исцелител“, вели дека, иронично, но кога решиле да пробаат со новиот неконвенционален брак, нивниот сексуален живот се подобрил. Покрај тоа, тие за нивната одлука им кажале и на своите деца, кои се во тинејџерска возраст, и тие целосно ја прифатиле одлуката на нивните родители.
Дали навистина тоа е така, и дали ваквите „отворени“ врски придонесуваат за стабилен брак и одгедување на здраво потомство, останува дискутабилно. Дали западњаците се навистина напредни во сѐ, или пак веќе заоѓаат во декаденција, исто така може да биде предмет на дискусија.