Лавли Акоста Баруело, мајка на две деца, работела за богато семејство во Ријад, Саудиска Арабија, неколку месеци. 26-годишната Филипинка се соочила со нечовечно однесување кое го нарушува достоинството и здравјето на секое човечко суштестсво. Нејзиниот работодавец, бил строг и немал милост кога станувало збор за „казнување“ на послугата.

Еден ден жената случајно заборавила да го внесе мебелот во дворо, внатре во попладневните часови и „газдата“ се изнервирал бидејќи неговиот скап мебел може да избледи на жешкото сонце. Затоа тој решил да ѝ ја покаже својата „моќ“ и ја врзал Лавли за дрво во дворот, со цел да „сфати“ како му е на мебелот што бил изложен на сонце.

Уште една колешка од Филипините успеала да го фотографира страшниот призор и фотографиите биле прикажани Одделот за надворешни работи на Филипините. Ситуацијата била разгледана и Лавли била безбедно вратена дома.

Нејзината колешка изјавила дека работодавецот физички ги повредувал секогаш кога ќе направеле мала грешка. Лавли која сега е дома со своето семејство изјавила: „Ви благодарам многу на сите што ми помогнавте. Сакам исто така да побарам помош за останатите Филипинци кои останаа таму. Тие се оние кои ми помогнаа и ги објавија фотографиите од мене. Се плашам за нивната безбедност. Се надевам дека и тие ќе бидат спасени. Старецу ќе ти дојде кармата, само чекај и ќе видиш. Продолжи да ни ги намалуваш платите. Ова е причината зошто не си здрав. Тоа е твојата карма за сите погрешни работи што си ги направил.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено