Се прочул еден јунак во денешно време преку девет планини, дека може да изеде шест печени јагниња, една фурна леб и да испие едно буре вино. Се прочул во 9 села, но во 10-тото не верувале и решиле да проверат. Селаните се собрале и го поканиле Јунакот за да ги покаже овие вештини. Испекле една фурна леб, шест јагниња на ражен, донеле едно буре вино и чекале. Во назначеното време дошол Јунакот, седнал на масата, си скршил од лебот и почнал да го јаде едното јагне и да пие вино… Јадел, пиел, јадел, пиел и се изел. Селаните не им верувале на своите очи! Тие го прашање Јунакот:
– Кажете ни, голем јунаку, каде ги научивте овие вештини?
– Ги научив на разни состаноци, приеми, свечени отворања и прослави, и ако сакате да знаете, јас не сум Јунакот. Јунакот ми е шеф, тој може да изеде 12 печени јагниња, а го научи тоа додека беше пратеник во македонското собрание. Јас му бев личен шофер.

Сподели на Facebook
пати видено