Ацех е единствената провинција во најнаселената муслиманска земја во светот, која што го применува законот за шеријат. Овој закон беше донесен во 2001 година, како дел од договорот со централната власт. Осудените можат да бидат камшикувани за најразлични кривични дела, вклучувајќи коцкање, пиење, хомосексуален секс, сексуални односи пред брак или вонбрачни работи.

Пред некој ден, јавно беше камшикуван член на советот кој учествуваше во усвојувањето на овие строги закони. Советникот доби 28 удари по грбот за секс со мажена жена. Неговата љубовница доби „поблага“ казна од 23 удари.

Заменик-регентот Хусеини Вахаб изјави: „Не е важно кој сте… ако го прекршите (исламскиот) закон, ќе бидете казнети. Еден член на советот веројатно ќе биде отпуштен во согласност со моралниот кодекс.“

Сподели на Facebook
пати видено