Замислете си како би ви изгледал работниот ден доколку секој ден ќе можевте да си го земете миленичето со вас. Вработените во оваа Јапонска компанија не мора само да го замислуваат тоа.

Не само што им е дозволено секојдневно да ги носат своите миленици во канцеларија, туку некои од овие слатки животни исто така живеат таму. И она што тие можат да го направат за земјата која е позната по „работохоличарите“ и анксиозната е вредно за споделување.

Канцелариите на Ferray Corporation, компанија за интернет решенија во Токио, изгледаат како било кое друго модерно работно место, освен едно нешто: тие се полни со мачки.

Менаџерите во компанијата биле загрижени за нивоата на стрес на своите вработени. Тие знаеле дека присуството на животни може да помогне во намалувањето на анксиозноста, но поради малите станови во Токио, многу од сопствениците на зградите, каде што живеат нивните вработени забрануваат чување на миленичиња.

Затоа тие смислиле идеја: Да им платат на вработените да посвојат или да се грижат за мачки. Мачињата живеат во канцеларијата со што на вработените им е лесно да дојдат до нив и да ја добијат дневната доза на животинска неодоливост.

Идејата веднаш им се допаднала на вработените. Многумина се пријавиле за проектот и добиле 5.000 ¥, околу 45 долари, за секоја мачка што ја посвоилеили спасиле. Некои дури и посвоиле повеќе од една мачка!

Решението било успешно! Бидејќи овие мачки, соработници биле лесно достапни за прегратки, менаџери објавиле дека продуктивноста се зголемила, нивото на стрес се намалило, и комуникација внатре во канцеларија била подобрена. Ова би го нарекле добра „канцелариска политика“.

Иако изгледа дека луѓето го извлекле најдоброто од договорот сепак не е така. Овие мачки сега живеат безбеден и удобен живот далеку од улиците, секако, но најдобро од сè, тие сега имаат дом и семејство поголемо отколку што некогаш можеле да си замислат.

Сподели на Facebook
пати видено