Во 2015 Џон Џоншук ја убил својата 5-годишна ќерка фрлајќи ја од мост во Тампа, Флорида. Според изјавите на неговите блиски тој бил навистина добар татко пред овој инцидент. Единствениот знак дека нешто не било во ред биле интензивните “религиозни искуства.”

Според најновото истражување од академското списание “Ментално здравје, религија и култура,” религиозните искуства можат да се поврзат со епилепсија и други слични пореметувања. Додека некои напади можат да бидат многу големи и насилни може да доживееме и епилептичен напад и не би го ни приметиле тоа.

Џон пред да го направи грозоморниот чин молел свештеници да му направат крштевка и егзорцизам. Исто така често зборувал и за приказната од Библијата во која Бог му заповедал на Аврам да го убие својот син. Неговот бизарно однесување било пријавено до полицијата од страна на членови од семејството, адвокати и социјални работници, но никој не верувал дека таткото може отиде толку далеку и да го убие своето дете.

Малата Фиби која се плашела од вода била фрлена од мост во реката, а нејзиниот татко веднаш бил фатен и упасен. Се верува дека Џон пати од епилепсија или пак некое друго ментално нарушување и поради нападите верувал дека е опседнат од демони. Дури и Далај-лама рекол дека ваквите екстремни потези, воедно и тероризмот не можат да потекнуваат од религијата, туку се дело на самиот човек.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено