Со везење почнав да се занимавам во 2013 година кога немав многу пари, а ми требаше роденденски подарок за мојата цимерка. Па така зедов игла, конец и парче ткаенина и почнав да правам нешто. Оттогаш имав многу добри одзиви за моите везови и почнав редовно да ги изработувам за моите пријатели и за семејството. Многу ми се допаѓа колку природно ми лежи везењето и како ме опушта, и навистина сакам да ги продлабочувам своите умеења.

Во 2014 година, мајка ми кога ги виде овие нешта, побара да ја направам „Ѕвездена ноќ“ од Винсент Ван Гог за неа. Отпрвин беше застрашувачко, бидејќи тој е еден од моите омилени уметници и тоа е една од моите омилени слики. Започнав бавно, собирајќи ги моите материјали и осмислувајќи што ќе вклучам, па потоа внимателно ја нацртав сликата на платното. Во текот на следниот месец поминав приближно 60 часа со љубов пресоздавајќи ја сликата дел по дел, и обидувајќи се да вметнам што е можно повеќе детали. Во моментот работам на вез за мојата сестра, а планирам да почнам со свои дизајни кои потоа ќе ги продавам.

vg01 vg02

Сподели на Facebook
пати видено