3-годишната Далеја Авила-Хернандез од Калифорнија, починала за време на рутинска стоматолошка процедура за отстранување на два заба. Лекарите велат дека процедурата била по сите прописи, но се уште не се знае дали девојчето било под седативи за време на зафатот. Нејзината мајка објавила фотографија како Далеја се игра во чекалната на стоматологот половина час пред смртта.

Далеја Авила-Хернандез во чекалната на стоматолошката ординација

Детето починало додека било на операција во центарот за „Детска стоматолошка хирургија“, за време на рутинска процедура на отстранување на два заба.

„Јас само ја однесов ќерка ми на соматолог затоа што тие ќе и ги поправеа забите и 30 минути подоцна ја изнесоа мртва. Кога бев во чекалната видов дека пристигна амбулантно возило. Веднаш си помислив дека за дете, но не и за моето дете.“, изјавила мајката на Далеја, Арацели.

Мајката вели дека го однела девојчето на операција затоа што стоматологот и го препорачал тоа. Давид Томсон, директорот на центарот за „Детска стоматолошка хирургија“ објаснил дека за време на ваква процедура присутен е стоматолог, анестезиолог, и двајца асистенти. „Ова не е лесна работа за справување. Го работам ова 10 години и до сега не ми се случило вакво нешто.“, изјавил Томсон.

Една од медицинските сестри кои асистирале и кажала на мајката на девојчето дека срцето на 3-годишното девојче престанало за време на процедурата и дека тоа е најверојатно поради некоја болест на срцето која што не била забележана. Но тоа ја налутило мајката и таа тврди дека нејзината ќерка била совршено здрава и бара да бидат казнети виновниците.

Полицијата го истражува случајот, но не сметаат дека не се работи за криминален случај. 6 милиони деца се подложени на општа анестезија во САД секоја година, се смета дека анестезијата може да има фатални последици за децата. Во март 4-годишниот Мајкл Петерсон починал по анестезија за стоматолошка процедура во Вашингтон.

Сподели на Facebook
пати видено