Дали Бог се надвиснал над Кент? Англија. И ако е така, дали им посочува на сите да се упатат кон месечината? Се чини дека овие слики на небото над Ашфорд го покажуваат токму тоа. Дајан Форд, жена од областа, е уверена дека интересниот облик на облакот кој го снимила на камера всушност е раката на семоќниот.

Чудната форма навистина наликува на рака во облаците, која посочува со исправен показалец. Но, поради големината, во никој случај не може да биде човечка рака, па проади тоа жената е убедена дека тоа е Божја рака.

Ова не е прв пат да се појавуваат чудни формации на облаци. На почетокот на овој месец еден британски фотограф снимил нешто што наликувало на огледален приказ на Велика Британија, а на 25. јуни се појавиле танцувачките нозе на Мајкл Џексон на небото во Вирџинија, точно шест години по неговата смрт, а во април годинава на Калифорнија се појавил облак со облик на змеј.

ob01 ob02 ob03 ob04 ob05

Сподели на Facebook
пати видено